Burcu Çalık
19 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
ЊУЈОРК (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк ги повика земјите и меѓународните институции да ги исполнат дадените ветувања во поглед на помошта за 3,2 млиони бегалци во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од тука, пред целиот свет, ги повикувам земјите и меѓународните институции, кои на наш грб го натоварија целиот товар од 3,2 милиони бегалци кои ги згриживме во нашата земја, да ги исполнат дадените ветувања", рече Ердоган.
Тoj во своето обраќање истакна дека потребно е дистанцирање од чекорите, како што се барањата за референдум за независност во северен Ирак, кои, како што рече, може да предизвикаат нови кризи во регионот.
„На Ирак му се потребни компромиси постигнати врз основа на територијалниот интегритет, како и заживувањето на идеалите во насока на градење на заедничка иднина. Потребно е дистанцирање од чекорите, како што се барањата за независност, кои би можеле да создадат нови кризи и судири во регионот", рече Ердоган.
Претседателот на Турција порача дека меѓународната заедница, како што во случајот на Сирија, не го положи испитот, ниту во поглед на човечката драма на која се изложени муслиманите на Аракан.
„Меѓународната заедница, исто како и во Сирија, не помина добро на испитот околу човечката драма чија жртва се араканските муслимани. Доколку не се надмине трагедијата која се преживува во Мјанмар, тогаш ќе се соочиме со уште една црна дамка на срамот во човечката историја.“
Претседателот на Турција, Ердоган своето обраќање го продолжи со следните зборови: „Сиот развој на настани и преживеани човечки трагедии, потврдува дека она што го велиме како Турција дека 'Светот е поголем од 5-те' е правилен и дека е потребно ново конфигурирање на Советот за безбедност на ОН кој стана само симбол. Исто така, тоа е израз на тоа колку доцниме со реформите во Советот за безбедност на ОН.“
Претседателот Ердоган во своето обраќање во ОН за борбата против терористичката организација ДЕАШ истакна: „Поголем дел од групите и силите за кои се вели дека во регионот се борат против ДЕАШ со сигурност немаат таква цел. Овие групи и сили го користат ДЕАШ како алатка за спроведување на своите планови“.
„Oбидот на ПЈД, на териториите во Сирија освоена од страна на ЈПГ да ја смени демографската структура, да ја конфискува сопственоста на народот, а оние кои се противат на тоа, да ги убие или да ги прогони, претставува злосторство против човештвото. Се додека борбата против ДЕАШ не биде поставена врз легитимна основа, секогаш во светот ќе постои заканата од појава на еден нов ДЕАШ“, рече турскиот претседател Ердоган.