Enes Kaplan
28 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во претседателската палата со највисоки државни почести го пречека рускиот претседател Владимир Путин, кој денес пристигна во посета на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го пречека Путин на влезот од претседателската палата, по што двајцата претседатели, пред знамињата на двете земји, се ракуваа и фотографираа за претставниците на медиумите.
Потоа влегоа во палатата каде што ќе ја одржат средбата, како и состанокот на делегациите на двете земји.
Ердоган и Путин по работниот ручек и средбата ќе одржат прес-конференција.