Güç Gönel
16 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со прашањето за референдум за независноста кој властите на Курдската регионална управа на северот на Ирак ја најавија за 25 септември, а Парламентот и Владата на Ирак ги забранија истакна дека тоа е „политички аматеризам", јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова не е ништо друго туку помрачување на мозокот. Ова е во вистинска смисла на зборот политички аматеризам. Ваков политички пристап е невозможен", рече Ердоган во интервју за турската телевизија „АТВ" (ATV).
Напомена дека претседателот на Курската регионална управа на северот на Ирак, Месут Барзани, по состанокот на Советот за национална безбедност на Турција и Советот на министри, на 22 септември, ќе разбере за колку чувствително прашање се работи.
„Нашето миселње е крајно јасно, но тој (Барзани) по состанокот на Советот за национална безбедност и Советот на министри, на 22 септември, многу појасно ќе види до која мерка досегнува нашата чувствителност за ова прашање", рече Ердоган, додавајќи дека не е исправно да се преземаат вакви чекори на северот на Ирак.
„Каков е нашиот став за ова прашање? Тоа е територијален интегритет на Ирак. Иран го мисли истото. Доколку вие одлучите да прогласите независна држава, по ваша желба, и покрај сите овие ставови, извинете но нема сите да одобрат такво нешто", рече турскиот претседател.
Се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО која на 15. јули минатата година се обиде да изведе пуч во Турција, напоменувајќи дека во тој правец се прават големи напори.