Ekipa
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
ИСТАНБУЛ/ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на социјалната мрежа Твитер ги сподели деталите од разговорот со Трамп.
„Имавме продуктивен телефонски разговор за време на кој договоривме зголемена координација за низа прашања, од нашите трговски односи до случувањата во Сирија. Сакам нашиот разговор да биде корисен за нашите земји и за регионот“, напиша Ердоган.
- Трамп: Имавме долг и продуктивен разговор -
Американскиот претседател Доналд Трамп, на Твитер напиша дека телефонски разговарал со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во врска со повлекувањето на американските војници од Сирија.
Во објавата Трамп вели дека телефонскиот разговор бил долг и продуктивен.
„Разговаравме за ИСИС (ДЕАШ), за нашата заедничка вклученост во Сирија и за бавното и високо координирано повлекување на американските војници од ова подрачје. По многу години тие се враќаат дома“, напиша Трамп.