МАНИСА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека во Африн, во Сирија, се неутрализирани 4.481 терористи, на северот на Ирак 423, а во Турција 415, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на митингот на стадионот Акхисар, во Маниса, рече дека во последните 16 години Турција во сите области забележала раст од три и пол пати и дека намераваат да ги остварат целите поставени за 2023. година.
„Од нашиот народ на 24 јуни очекуваме поддршка за повторно служење, за инвестиции, за проекти", рече Ердоган.
Додаде дека кога Партијата на правдата и развојот (АК Парти) дошла на власт, голем дел од постоечките стадиони во Турција не ги задоволувале потребите, поради што одлучиле да ги обноват стадионите, почнувајќи од поголемите градови.
Според неговите зборови од 37 проекти завршија 15, а 11 стадиони се градат, за шест трае тендерска процедура, а пет се во инвестициска програма.
„Тоа е Партијата на правдата и развојот. Партијата на правдата и развојот значи инвестиции, значи служење, значи дела", порача Ердоган.
Турскиот претседател рече дека неговата земја само од извоз во областа на автомобилската индустрија заработи 30 милијарди долари.
Ердоган говореше и за состојбата во Маниса и рече дека продолжуваат да го развиваат тој град, а говореше и за образование.
Според неговите зборови завршени се домови за студенти на високошколските установи со капацитет од 4.500 ученици, а во рок од неколку години намераваат да отворат домови со капацитет од 2.650 ученици.
Говорејќи за состојбата во областа здравство, Ердоган рече дека Маниса е опремена со 61 установа, од нив, две се болници. До крајот на годината градот би требал да добие болница со капацитет од 558 кревети.
Се осврна и на проектите во областа на инфраструктурата потсетувајќи дека се изградени 64 мостови од поголеми и помали димензии со што значително е полесно движењето во градот.
Рече дека тунелот Сабунчубели на патот помеѓу Измир и Маниса ќе биде отворен по изборите.
„Нашиот град со брз воз на релација Анкара-Измир кој поминува низ Маниса, од Анкара до Истанбул, од Коња до Сивас, ќе биде поврзан на линиите на брзиот воз во сите делови на нашата земја", порача Ердоган.
До крајот на следната година би требало да биде завршен проект на брзиот воз на релација Анкара-Усак, односно во 2020, на релацијата Усак-Маниса-Измир, со што патувањата од Маниса до Анкара ќе бидат пократки три часа.
„Секако, кога станува збор за брзиот воз, потребна е и соодветна железничка станица. Ќе го направиме тоа за Маниса", изјави Ердоган.
Рече дека за време на владеењето на АК Партија направен е значителен напредок и во областа на образованието и поттикнување на земјоделците.
Во таа прилика се осврна и на обидот за државен удар кој припадниците на терористичката организација ФЕТО, се обидоа да го изведат на 15 јули во 2016 година.
„Конечно, дали овој удар го завршивме во рок од 16 часа? За тоа се работи. Во деновите кога Турција настојуваме да ја споиме со новиот административен систем, пред себе ја гледаме истата екипа, овој пат со еден поширок сојуз. Кога би можеле, некои и мене на бесилка би ме ставиле, како и Мендерес, но фала му на Бога, народот тоа не го дозволува", рече Ердоган.
Ердоган на митингот се осврна и на борбата против тероризмот.
„Од ПКК до ФЕТО никому не оставивме простор. На сите им очитавме лекција. Во операцијата Маслинова гранка во Африн неутрализиравме 4.481 терорист. На северот на Ирак неутрализиравме 423. Во земјата, во Габар, Чуди, Тендурек, неутрализиравме 415 терористи", истакна турскиот претседател Ердоган.
Потсети и на борбата против терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ.
„Еден народ, едно знаме, една татковина, една држава", повтори Ердоган истакнувајќи дека се додека се внимава на овие четири работи никој не може да и наштети на Турција.
Истакна дека нема да се откаже од патот и борбата против терористичките организации.
„На нашите пријатели, во Германија не им дозволуваат учество на состаноци вклучувајќи ги и оние за државните должности. Но на ПКК им дозволуваат, зарем не? Нас не лажат. На терористите им дозволуваат митинг со заштита на полицијата", рече Ердоган.
На крајот Ердоган ги повика сите граѓани на Маниса да излезат на избори.