Zafer Tayfur
27 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
ВАН (АА) - Во подрачјето Баскале, во покраината Ван, фатени се 23 лица за кои е утврдено дека во Турција влегле илегално, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на жандармеријата, кои патролираа во близина на населбата Есмепинар, запреле група пешаци.
Приведени се 23 лица, меѓу кои и тројца малолетници, за кои е утврдено дека во земјата влегле по илегален пат.
На мигрантите им е укажана помош во вид на топол оброк и млеко, а во државната болница во Баскале се подложени на лекарски преглед.
Предадени се на Центарот за странци при полициската управа во Ван за да бидат депортирани.