Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
АДАНА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, воедно и претседател на Партијата за правда и развој (АK Parti), денеска во Адана им се обрати на членовите на партијата на обласниот Kонгрес, соопштувајќи дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ досега се неутрализирани 3.844 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган, обраќајки се на конгресот на АК партијата во Адана изјави дека во досегашната борба против терористите во Африн, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ неутрализирани се 3.844 терористи.
Ердоган зборуваше и за сите оние кои се вознемирени од поставувањето на турското знаме на териториите ослободени од терористите, истакнувајќи: „Сите оние кои се вознемирени од поставеното турско знаме на териториите ослободени од терористите, претходно ниту збор не рекоа кога таму се вееја крпите на терористите, бидејќи нивен проблем е Турција, а турската нација е причина за нивните болки во стомакот“.
„Како што Турција не му се предаде на ниту еден безвреден изнајмен убиец, таа нема да дозволи ниту пријателите, роднините од околината да бидат задушени од притисокот на една таква стапица. Затоа, нема да застанеме сѐ додека не биде елиминиран и последниот терорист“, истакна Еродган.
Претседателот на Турција, воедно и претседател на АК Партијата, во своето обраќање се осврна и на изјавата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
„Станал и зборува дека војниците во Африн го угнетуваат населението. Нетанјаху, многу си чуден. Првенствено преиспитај се себеси. Ние се занимаваме со терористите, но терористите не се твој проблем, бидејќи ти си држава на теророт“.
Ердоган, зборувајќи за израелскиот премиер Нетанјаху, продолжи со зборовите: „На светот нема никој добар и чесен што те сака. Многу е јасен одговорот што го доби по чекорот што го направи во Обединетите нации за Ерусалим (Кудс). Немој да се фалиш: ‘Јас имам нуклеарно оружје’. Ќе дојде време, кога ниту тоа нуклеарно оружје нема да работи“.
„Ова треба да го знаеш. Немој да се занимаваш со угнетуваните. Немој на угнетуваниот да му го земаш тоа што му припаѓа, ќе ти го наплати, полека, полека. Нема да остане место на светот за шетање и посета. Затоа, немој да се расправаш со нас и биди искрен. Сѐ додека не бидеш искрен, и од нас никогаш нема да добиеш позитивен збор“, истакна Ердоган.
На Конгресот на партијата во Адана, претседателот Ердоган говореше за единствена Турција и за терористичката организација ФЕТО.
„Нема да ја поделите оваа држава. Очигледно е кои се оние што сакаат да ја поделат. Дали отидовме на ридовите Габар, Џуди, Џило и Тендурек? Сега продолжуваме понатаму. Тие ќе бегаат, ние ќе ги бркаме... И ФЕТО ќе го бркаме. Погледнете во Косово, националната разузнавачката служба спакува шестмина и ги донесе во земјата. И Пенсилванија ќе дојде на ред. Може да се бега до одредено место“.