Cemal Coşkun
06 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Секоја промена со себе носи нова возбуда, нова динамика. Верувам дека промената на местото на премиерот и претседателот на Партијата за правда и развој (АК Parti), исто така, ќе донесе позитивна атмосфера, изјави денес во Истанбул, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган му се заблагодари на Ахмет Давутоглу, кој најави дека на вонредниот конгрес на АК Партија на 22 мај нема да биде кандидат за претседател на партијата велејќи дека Давутоглу извршувал многу функции и и служел на својата земја и народ
„Овој народ не ги заборава оние кои вредно, камен по камен, ја градеа иднината на оваа земја. Верувам дека почитуваниот премиер има посебно место во срцата на граѓаните. Пред вас му се заблагодарувам на почитуваниот Давутоглу кој претходно ја вршеше должноста на мој советник, потоа министер на надворешни работи, а последните 20 месеци во функција на премиер", изјави турскиот претседател.
Во врска со уставните промени и воведувањето на претседателскиот систем, Ердоган изјави дека тој предлог треба што порано да има се понуди на граѓаните на избор.
„Претседателскиот систем на Турција не е новост, тоа е традиција", изјави Ердоган.
- Терористите се најголеми непријатели на исламот -
Терористите кои убиваат невини луѓе, сечат глави, силуваат, палат и рушат, се најголеми непријатели на исламот и исламската цивилизација, порача денес Ердоган.
„Терористите кои убиваат невини луѓе, сечат глави, силуваат, палат и рушат, се најголеми непријатели на исламот и исламската цивилизација. Муслиман не е оноj кој руши, туку оној кој гради, муслиман не е оној кој одзима живот туку оној кој го цени, муслиман не е оној кој мрази туку оној кој сака и почитува. Причината за ширење на исламот во сите земји каде што се прошири не беше освојување на територија, туку освојување на срца", изјави Ердоган на свеченоста по повод отварањето на новиот објект на истанбулската општина Ејуб.