Aness Suheil Barghoti ,Fatih Hafız Mehmet
21 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) – Тројца Палестинци се убиени, а стотици други повредени денеска во Источен Ерусалим, кој е под окупација на израелските сили, соопштија од палестинскиоте здравствените функционери, пренесува Anadolu Agency (AA).
До убиството дојде кога израелските безбедносни сили итервенираа во текот на протестите на Палестинците поради неодамна поставените безбедносни ограничувања на влезовите на џамијата Ал Акса.
„Мохамед Шараф е убиен во населбата Рас ал-Амуд кога е погоден со куршум во глава од страна на еврејските доселеници", соопштија од Министерството за здравство на Палестина.
Очевидец, кој сакаше да остане анонимен, за АА рече дека напаѓачот „отворил оган на палестинските демонстранти во источен Ерусалим, што доведе до смррта на еден од нив".
„Уште еден Палестинец, кој е идентификуван како 17. годишен Мохамад Лафи, убиен откако куршум го погодил во срце во текот на судирите со израелските сили во селот Абу Диес во источен Ерусалим", информираа од министерството.
Болницата Макасед во источен Ерусалим го идентификуваше 20. годишниот Мохамад Абу Ганам како треба денешна жртва.
„Убиен е во текот на судирите со израелските сили во квартот Ал-Тур во јужен Ерусалим", рекоа од болницата.
Според податоците на Црвената полумесечина на Палестина, бројот на повредените луѓе беше 391. Причините на повредите, освен од муниција, гумените куршуми и солзавецот, додека некои од сведоците тврдат дека повредените ги прегазиле возилата на израелските сили.
Израелските безбедносни сили во понеделникот, по четири дена, ја укинаа забраната за влез во реонот Стар Град во Источен Ерусалим, но силните тензии во овој регион и понатаму траат.
Локалното муслиманско население во комплексот Ал Акса не можеше да влезе од петокот до понеделникот, а израелските сили во неделата и на влезот во комплексот поставија дополнителни контролни пунктови со детектори за метал. Локалните Палестинци протестираат поради тоа и одбиваат да влезат во комплексот, а молитвите ги извршуваат пред самиот објект.
Кризата во источен Ерусалим ескалираше во петокот наутро, кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, а сето тоа резултираше со масовно стампедо во коешто беа повредени неколку лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на пат кон болницата.
Израелската полиција потоа нареди да се затвори комплексот Ал Акса, а Палестинците за првпат по окупацијата од 1967 година, петочната молитва ја извршија надвор од ѕидините на Стариот Град.