Aylin Sırıklı
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Заврши процесот на гласање на претседателските и 27. парламентарни избори во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката на Врховната изборна комисија (ЈСК), процесот на гласање во Турција започна во 08:00, а заврши во 17:00 часот по локално време.
Гласачите имаа можност да гласаат во 180.065 избирачки места низ Турција.
И гласачите кои чекаа пред гласачките кутии во моментот на завршувањето на избирачкиот процес, можеа да го искористат своето право на глас, иако помина времето за гласање.
Исто така, заврши и процесот на гласање на граничните премини за гласачите во странство, кој започна на 7 јуни.
Гласовите дадени во 123 претставништва во 60 земји во странство, донесени се во Турција и ќе бидат изброени истовремено со сите други.