Menderes Özat
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
ОСМАНИЈЕ (АА) - Елиф Коџаман, најниската жена во Турција, со височина од 72,6 сантиметри, која живее во подрачјето на Кадирли, во турскиот град Османије, денеска гласаше на претседателските и 27. парламентарни избори во Турција, јавувa Anadolu Agency (AA).
Коџаман, заедно со нејзините мајка и брат гласаше во подрачјето на Кадирли во Османије, и посака изборите да бидат за доброто на сите.
Коџаман во 2010 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како „Најниска жена во светот“, а потоа ја изгуби оваа тутула, кога беше освоена од Американката Брижит Џордан, со височина од 69 сантиметри.