Can Erözden
04 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ЛЕЗБОС (АА) – Во рамките на договорот Турција-ЕУ за намалување на бројот на бегалците во Европа, утрово во Турција се вратени првите мигранти од грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Дописникот на АА од Лезбос, неколку километри од северозападниот турски брег, потврди дека 131 мигрант утрово е преземан со автобус од кампот Моира. Целиот процес е извршен во придружба на европската гранична агенција Фронтекс, кои ги испратија мигрантите до блиското пристаниште и ги внесоа на два траекти.
Официјално лице од Фронтекс, сакајќи да остане анонимно, рече дека воглавно станува збор за мигранти од Пакистан.
Тие по качувањето набрзо пристигнаа во Дикили каде поминаа низ мерките за безбедност и медицински прегледи.
Моира моментално е засолниште за околу 1.600 мигранти додека околу 2.500 други чекаат на другите страни од грчките острови за да бидат вратени во Турција.
Според договорот Турција - ЕУ, „илегалните мигранти ” од Грција ќе бидат вратени во Турција. Договорот е постигнат со цел прекинување на ланецот на криумчарење на бегалците, кои воглавно се превезуваат преку Егејското Море.