Mehmet Tosun
04 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, денес во Анкара изјави дека неговата посета на југоисточниот град Дијарбакир е показател дека во Турција нема страв од тероризмот или било која друга терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никој не може да нè заплаши. Нашите полицајци, припадниците на безбедносните сили со цел зачувување на јавниот поредок секојдневно ги изложуваат своите животи на опасност, а кога јас би се двоумел околу една еднодневна посета, тогаш позицијата на којашто се наоѓам би ми била проклета. Ниту за момент не се двоумев, отидов. Не се плашиме од терористичките организации, не се плашевме и нема да се плашиме”, порача Давутоглу.
Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, во петокот го посети југоисточниот турски град Дијарбакир.
Голем број граѓани на Дијарбакир, град на југоистокот на Турција, населен со мнозинско курдско население, го поздрави премиерот Ахмет Давутоглу низ улиците на градот. Давутоглу го посети Дијарбакир еден ден по терористичкиот напад во кој загинаа припадници на безбедносните сили.