Ekipa
11 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел, главниот град на Белгија, започна Самитот на НАТО, со учество на лидерите на 29-те земји членки на Алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).
На Самитот учествува и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој беше присутен на свечениот пречек организиран од страна на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Церемонијата за пречек се одржа во зоната Агора, во влезот на седиштето на НАТО, а Столтенберг, еден по еден ги пречека лидерите на земјите членки на Алијансата.
Лидерите на 29-те земји членки, потоа, во придружба на Столтенберг, ја посетија изложбата на која се претставени историјата и активностите на НАТО, а при преминувањето кон платформата за заедничко фотографирање, вниманието го привлекоа претседателите на Турција и САД, Ердоган и Трамп, кои тоа време го искористија за разговор.
Ердоган разговараше и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас и со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во своето кратко обраќање пред присутните, истакна дека НАТО е една алијанса со 29 земји од Тихиот Океан до Црното Море, од Арктикот до Средоземното Море. „Заедно успеавме да обезбедиме период на мир и безбедност, она што претходно не е видено“, додаде тој.