Ekipa
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - По денешниот состанок на земјите членки на Североатлантската алијанса, генералниот секретар, Јенс Столтенберг, изјави дека Република Македонија нема да може да се приклучи кон НАТО доколку не го смени името, како што е предвидено во Договоорот со Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг на прес-конфернцијата по состанокот истакна дека зачленувањето на Македонија во НАТО зависи од одлуката на граѓаните, нагласувајќи дека тоа е животна можност, и појасни доколку граѓаните го поддржат Договорот, ќе влезат во НАТО, во спротивно не ќе можат да се приклучат на Алијансата.
„Ние јасно кажавме дека по завршувањето на сите внатрешни процедури, вклучувајќи го менувањето на Уставот и имплементирањето на Договорот за името, тогаш ФИРОМ ќе стане 30-та земја-членка на НАТО, под името Република Северна Македонија. Но не може да стане членка доколку не го смени името. Зависи од граѓаните на ФИРОМ дали ќе го направат тој едноставен избор“, рече Столтенберг.
Во Брисел денес започна дводневниот Самит на НАТО, на кој учествуваат лидерите на 29-те земји членки на Алијансата.