Admir Fazlagic
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на голем број граѓани, љубители на цвеќе, одгледувачи на цвеќе како и претставници на локалната власт на ниво на град Скопје во вториот дел од Градски парк започна дводневниот Скопски цветен фестивал, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот го отвори градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој истакна дека овој фестивал станува традиционален затоа што се одржува веќе по трети пат.
„Со овој фестивал ја славиме природата, цвеќето и злеленилото. Фестивалотсе одржува кога природата се буди, луѓето ги уредуваат своите домови и граднини. Се одржуваат интерактивни работнилници, може да се види како се уредуваат цветни аранжмани, како се уредуваат цветните градини", рече Трајановски, додавајќи дека Градот Скопје станува цветен град. „Во градот Скопје сите кружни текови се уредени со цвеќе, 365 дена градот се грижи да има цвеќе на своите булевари".
Фестивалската програма е богата, и годинава посетителите ќе имаат можност да го посетат цветен центар каде има различни видови на цвеќе, а се одржуваат и креативни работнилници. За креиативните организаторите се погрижија да има и дизајнирање на цветна приказна, како и стручно советување за хортикултурно уредување. Предвидена е и Зона за забава и еко пикник, место за одмор, релаксација, разговори, библиотека на отворено – разгледување и размена на списанија за уредување на надворешен простор. Вљубеници во пишаниот збор ќе читаат извадоци од книги проза и поезија.
Покровител на фестивалот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а организатор е ЈП „Паркови и зеленило“ .