Besar Ademi
21 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на денешната конференцијата во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која акцентот беше ставен на позицијата на Македонија во однос на бегалската криза, тој рече дека Балканскиот коридор е многу важен за Европската Унија (ЕУ), а единствената сила која може да им го отвори патот на бегалците е ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
"Единствен фактор, сила која може повторно да го отвори овој простор е само Европската Унија и затоа е неопходен " Pax Euroepana " на нашите простори. Сепак, можеби бирократите во Брисел не читале доволно географија и историја и дел од овој коридор го оставија надвор од ЕУ. Токму поради тоа се случија настаните во минатото. Имавме феномен кога мигранти од територијата на ЕУ влегуваа на територија која не е во Унијата, за подоцна повторно да влегуваат на територијата на ЕУ. Требаше да поминат 1 милион мигранти низ нашиот коридор за да се сфати важноста на Балканскиот коридор за Европа. Европа градејќи се внатре заборави да да се заштити од надвор ", рече Иванов.
Иванов изрази загриженост дека 5 милиони мигранти кои се во Египет и други 20 милиони се наоѓаат на границата меѓу Египет и Судан може да бидат насочени кон Балканскиот коридор за да стигнат до Европа. Тој нагласи дека меѓу нив има и мигранти од Либија.
"Уште повеќе вознемирувачки е дека во границата меѓу Египет и Судан се наоѓаат над 20 милиони мигранти кои се насочени кон Европа", рече Иванов во своето обраќање.
"Африканскиот континент е буден и сите се насочени кон Европа. Се додека постојат економски движења, безбедносни ризици и конфликти, ние ќе бидеме изложени од сите овие кризи. Ние го регулиравме текот на нашата граница, но веќе постојат нови патишта. Тие се движат од Бугарија, Албанија, исто така, отворен е пат преку Црното Море ", рече Иванов.
На научната конференција насловена „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза" , присуствуваа претставници на државните институции, дипломатскиот кор, академици, меѓу кои и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски и турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил.