Besar Ademi,Admir Fazlagikj
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
ИДОМЕНИ (АА) – Бегалците во импровизираниот прифатен центар во Идомени, кај грчко-македонската граница продолжуваат да престојуваат во нивните шатори поставени во рамките на прифатниот центар и надвор од него, јавува Аnadolu Agency (AA).
Поради немањето капацитет во бегалскиот прифатен центар во Идомени за справување со големиот број на бегалци кои повеќе од месец дена се заглавени на грчко-македонската граница, чекајќи да се отворат границите, нивната состојба од ден на ден станува сè потешка.

Бегалците, со намера да создадат елементарни услови за живот, се снаоѓаат на различни начини. Така, тие во текот на вечерта користат свеќи за да ги осветлат шаторите во кои престојуваат..
Грчките власти бараат од бегалците да се повлечат од Идомени во другите кампови наменети за нивна релокација и да аплицираат за програмата на ЕУ за релокација на бегалците или да бараат азил во Грција. Но, бегалците со надеж дека Балканската рута ќе биде отворена, настојуваат да останат што поблиску до македонскиот граничен премин, со цел побрзо да ја поминат границата и да го продолжат патот кон земјите на западна Европа.