Besar Ademi
02 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
ИДОМЕНИ (АА) - На грчко-македонскиот граничен премин од денеска пак продолжува да се расте бројот на бегалците кои пристигнуваат, каде што во моментов речиси околу 10 илјади бегалци чекаат да ја преминат границата, додека основните услови за живот продолжат да се влошуваат, јавува Anadolu Agency (АА).
Според хуманитарни организации во Идомени, секој ден стигнуваат околу илјадa бегалци, а истовремено, поради се поголемиот број бегалци има се помалку храна и други потребни нешта за задоволување на основите потребни, бидејќи центарот за прием на бегалци не е подготвен и нема капацитет да се справи со огромен број на бегалци.
Понекогаш бегалците покажуваат револт поради чекање во долги редици за храна и медицински третман, додека грчката полиција постојано се обидува да ја држи ситуацијата под контрола.
Нови кампови кои се изградени од страна на Грците во близина на граничниот премин се речиси празни. Иако бегалците жевеат во мизерни услови во Идомени, тие пак имаат тенденција да дојдат што поблиску до границата со надеж да го продолжат патот кон Западна Европа.
Од друга страна, продолжува да се зголеми бројот на полицајци на македонска страна. Вчера границата ја поминаа само 300 бегалци, а според претставниците на УНХЦР од раните утрински часови денес во Македонија поминаа само неколку десетици бегалци.
Покрај прифатниот центар во Идомени, кој е преполн со бегалци, веднаш надвор од центарот се забележуваат илјадници мали шатори кои бегалците ги трансформирале во свои домови, каде што подготвуваат храна