Turgut Alp Boyraz
25 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) – Министерката за правда на Израел Авелет Шакед, која претходно го привлече вниманието на светската јавност откако преку социјалните мрежи повика на убивање Палестинки, овој пат се бавеше со црна пропаганда против претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и го повика светот да ја заштити терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува израелскиот весник „Ерусалим Пост", Шакед за Радио на израелската војска рече дека привлекувањето на Соединетите Американски Држави (САД) од Сирија го засили претседателот Ердоган.
„Повлекувањето го зајакна претседателот Ердоган, а ќе му штети на Израел”, рече Шакед, изразувајќи надеж дека ЈПГ/ПКК ќе победи во војната со Турција.
„Се надевам дека Курдите ќе ја добијат војната против Турците. Се надевам и дека меѓународната заедница ќе го спречи Ердоган да ги убива Курдите”, рече израелската министерка која е позната по радикалните ставови, а инаку е член на партијата Еврејски дом. Шакед во 2014 година изјави дека треба да се убиваат и мајките на убиените Палестинци, тврдејќи дека нивните деца се „мали змии”.
„Тие мораат да починат, а нивните ќуќи би требало да се срушат. Сите они се наши непријатели и нивната крв треба да биде на нашите раце. Тоа вреди и за мајките на мртвите терористи”, гласеше пораката која тогаш ја објави на социјалните мрежи.
И покрај таквите зборови, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во 2015 година Шакед ја именуваше за министерка за правда.