Hatice Şenses Kurukız
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во болниците во Истанбул сѐ уште се лекуваат 46 луѓе повредени во терористичкиот напад во Ортакој, кој се случи на новогодишната ноќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопштија дека повредените се сместени во неколку болници во Истанбул. Во нападот загинаа 39, а повредени се повеќе од 60 лица.
Во неделата, Министерството за правда објави дека е утврден идентитеот на 38 од 39-те лица кои загинаа во нападот на ноќниот клуб во Истанбул.
По утврдувањето на нивниот идентитет, 11-те тела на турски државјани, еден Ирачанец и еден Белгиец, беа предадени на нивните семејства.
Телата на 25-те странци по обдукцијата ќе бидат предадени на семејствата откако тие ќе пристигнат во Турција. Меѓу нив се и седуммина државјанин на Саудиска Арабија, тројца Либанци, двајца државјани на Тунис, Индија, Мароко, Јордан и Ирак, и по еден државјанин на Кувајт, Канада, Израел, Сирија и на Руската Федерација.