Barış Gündoğan
12 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-премиерот на Република Турција, Вејси Кајнак, изјави дека надлежните власти земјата спроведуваат контрола на сите странски фондации за да се спречи дејствување на круговите што ја загрозуваат стабилноста на земјата и единството на народот, јавува Anadolu Agency (AA).
Како гостин на уредничкиот деск на АА, Кајнак изјави дека е задоволен за текот на кампањата во пресрет на неделниот референдум и дека е уверен оти народот во големо мнозинство ќе го поддржи предлогот за уставни реформи.
„Од почетокот е јасно дека поддржувачите на реформата, со фудбалски речник, од почетокот водат со 1:0 и мислам дека нема многу неодлучни гласачи“, изјави Кајнак.
Тој истакна дека владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) и опозициската Партија на националното движење (MHP) сторија добра работа што со одвоени кампањи ги промовираа уставните реформи, а опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) ја обвини дека со лаги и сплетки води валкана кампања против уставните реформи. Кајнак додаде дека терористичката структура ФЕТО веќе влегла во ЏХП и дека е јасно оти веќе неколку години спроведуваат антитурска политика.
Кајнак потсети дека поголемиот дел од европските земји отворено ја поддржуваат кампањата против уставните реформи во Турција, а се забранува кампањата на поддржувачите на таа реформа, но дека и покрај таа ситуација, изборниот процес на турската дијаспора е завршен со рекордна излезност од над 45 отсто.
„Европа е изградена на темелите на демократија, човекови права, правда и слобода, но тие вредности ги остави на страна и се врати во периодот на Средниот век, за да ги спречи собирите на кои на турската дијаспора требаше да ѝ се појасни што носат предложените уставни реформи“, изјави Кајнак.
Тој ги оцени трендот на јакнење на популизмот, радикализмот и расизмот во Европа како опасни за иднината на Европа, а тоа се гледа и во односот кон Турција.
„Европа, која им дава засолниште на сите непријатели на Турција, вклучувајќи ги и терористите на ПКК, ФЕТО и ДХКПЏ, се противи на сето легално што во Турција се прави со цел оваа земја да напредува“, изјави Кајнак и додаде дека е уверен оти јавноста гледа дека против уставните реформи застанале на нозе сите непријатели и оние што не сакаат јака и стабилна Турција.
Кајнак истакна дека во изминатите неколку години, стотици странски фондации се регистрирани во Турција, и дека поголемиот дел од тие фондации се основани поради промовирање на човековтеи права и за помош на бегалците.
Тој додаде дека постои сомнеж оти некои од тие фондации спроведуваат активности што ја нарушуваат стабилноста и го загрозуваат единството на народот во Турција.
„Министерството за внатрешни работи и другите надлежни институции работат на проверка на странските фондации“, изјави Кајнак.