Esra Kaymak
06 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Кон крајот на декември во Њујорк ќе бидат одржани разговори за ставање крај на граѓанската војна во Сирија, рече американскиот државен секретар Џон Кери, јавува Anadolu Agency (АА).
Станува збор за третиот круг разговори за судирите во Сирија по првите два кои се одржаа во Виена. Тогаш министрите на околу 20 земји се согласија да се воспостави прекин на огнот во Сирија под покровителство на Обединетите нации. Исто така, договорено е да се започне со мировни реговори на 1-ви јануари 2016 година.
„Владите кои се вклучени во разговорите ќе се состанат кон крајот на месецот во Њујорк за да се направи чекор напред во овој процес“, рече Кери.