Erbil Başay
20 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
БЕРЛИН (AA) - Германската канцеларка Ангела Меркел по самитот на Европската унија (ЕУ) зборувајќи за случувањата во Сирија изјави дека тие се за воспоставување на "сигурни подрачја" , јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел потсети дека самитот на ЕУ трееше два дена во Брисел и дека вториот ден разговарале за односите на Велика Британија- ЕУ, како и за случувањата во Сирија и Либија.
Учесниците на самитот се сложија дека е важно имплементирањето на договорот кој пред седум дена беше постигнат во Минхен, а кој се однесува на хуманитарната помош во Сирија како и за тоа на кој начин да се достави помош во сирискиот град Алепо.
Според зборовите на Меркел, успеале во тоа, помошта да стаса во некои подрачја во Сирија, но и дека работата на тоа во ист случај да биде и со Алепо.Германската канцеларка истакна дека разговараа и за можноста со преговори да се обезбеди сигурна зона за цивилното сириско население. Како пример го наведе Азаз на турската граница.
Зборуваше и за тоа дека десетици илјади стравуваат од бомбардирање и дека токму на тие подрачја тоа не би требало да биде така. Меркел телефонски разговараше со премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу и кажано е во најкраток можен рок дека ќе биде одржан самит на 28 земји членки на ЕУ и Турција.
Инаку, во Брисел два дена траеше самитот на ЕУ на кој челниците на земјите на ЕУ разговараа со британскиот премиер Дејвид Камерон за реформите кои ги бараше официјален Лондон.