Halit Süleyman
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
АЛЕПО (АА) - Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени во воениот напад изведен на шлеперите кои возеле хуманитарна помош за бегалците во Азез, северно од сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападот се запалени 20 шлепери. Според локалните извори, шлеперите возеле помош за сириските бегалци кои наоѓаат во Аез кој е под контрола на опозицијата.
Како се наведува, во нападот загинаа седум возачи на шлеперите, а повредени се десет лица.
"Русите ги нападнаа шлеперите со хуманитарна помош. Запалени се 20 шлепери" , рече еден локален активист кој сакаше да остане анонимен. Според неговите зборови, запалени се и некои шлепери, а причинета е и материјална штета на голем број возила.
Зекерија Карсли, командант на единицата на опозицијата во Дамаск рече дека шлеперите со хуманитарна помош ги нападнаа руски воени авиони.