Elvir Hociç
14 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти им наредија на надлежните институции регистрација на сите непријавени граѓани кои биле родени за време на строгата политики за планирање на семејството, со која е дозволено само едно дете, а целта на пописот е на овие граѓани да им се обезбеди со право на лични документи, поради остварување на социјални и граѓански права, јавува Anadolu Agency (АА).
Кинеската новинска агенција јавува дека според пописот од 2010 година, има повеќе од 13 милиони недокументирани граѓани. Се работи за популација која нема лични документи и изводи, главно поради тоа што родителите во страв од казна избегнувале да ги пријават децата при раѓање.
Тука спаѓаат и нелегално посвоените деца и луѓе кои се водат за исчезнати.
Контроверзна политика на Кина за едно дете беше воведена во 1979 година поради спречување на брзиот раст на населението. Мерката пак доведе до стареење на населението и губење на работната сила.
Ублажена е во 2013 година, кога на некои двојки под одредени околности им е дозволено второ дете, а целосно беше укината кон крајот на октомври минатата година.