Enes Kaplan
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер Нуман Kуртулмуш денеска во Анкара изјави дека борбата против терористичката организација ФЕТО не е краткотраен вид на борба што наскоро ќе треба да запре, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не станува збор за тоа дека сега водиме борба од месец, два, три, а потоа завршуваме со тоа. Станува збор за тајна група, која 40 години се инфилтрира во системот на државата, зборуваме за терористичка организација чии членови, за жал, се излезени од нашата земја. Бидете сигурни дека државата ќе направи сѐ за да се прочистат терористичките елементи. Тоа е можно. По судскиот процес да се отпочне постапка за одземање на државјанството на оние што избегаа од земјата. Ќе биде направено сѐ што е потребно, но треба да се напомене дека целиот процес не е календарски утврден“, рече Kуртулмуш.