Ali Kemal Akan
07 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ОРДУ (AA) - Заменик премиерот и гласноговорникот на Владата на Република Турција Нуман Куртулмуш изјави денес дека „предавството од 15 јули е најголемото предавство кое е видено во Турција", јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи во Културниот центар во општина Фатса, во северна Турција, Куртулмуш рече дека е ветувачки забележаниот бројот на ученици во образовните институции во Турција, но и подобрување на инфраструктурата во училиштата.
Според неговите зборови, во турскиот град Орду, направени се и важни инвестиции во областа на образованието.
Заменик на турскиот премиер зборуваше и за 15 јули, обидот за државен удар во Турција, како и за сето она што се случуваше потоа во оваа земја.
„Турција на 15 јули се врати од работ на бездна. Ако успееше обидот за државен удар на 15 јули ние денес немаше да бидеме во овој салон. Ниту една институција не во Турција не би ги извршувала своите активности на вака дисциплиниран начин", рече Куртулмуш.
Нагласи дека обидот за државен удар имаше за цел да ја дестабилизира Турција, но и вовлекување на оваа земја во граѓанска војна.
Куртулмуш потсети дека 241 државјанин на Турција излегуваќи пред тенковите ги жртвуваа своите животи и ја сочуваа независноста и иднината на турскиот народ.
Исто така, потсети дека се ранети околу 2.000 лица.
„Предавството од 15 јули е најголемо предавство видено на подрачјето на Турција", порача Куртулмуш додавајќи дека ќе одговараат сите оние кои биле дел од ова предавство.
На ист начин, истакна дека нема да се заборават жртвите и ранетите кои биле дел од отпорот.