Selma Kasap
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
АНКАРА (AA) - Заменик премиерот и гласноговорникот на Владата на Република Турција, Нуман Куртулмуш изјави дека Турција и понатаму ќе прави напори со цел да се воспостави мир во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
"Сакам јавноста да се чувствува сигурно. Од дредени страни повремено се слушаат гласови на одредени лоби групи за можна војна. Се надевам дека Турција нема да влезе во овие регионални турбуленции и дека и понатаму ќе продолжи со јавноста во светот да ја дели перспективата која што побрзо ќе овозможи мир во овој регион. Турција и понатаму ќе допринесува во воспоставувањето на мирот" , изјави Куртулмуш.
Истакна дека влијателните земји во Советот за безбедност на ОН треба да прогласат зона за за забрана на летање доколку, како што рече, имаат искрени намери.
"Ајде да ја видиме Америка и Русија. Ако сте искрени, повелете и заедно во Советот за безбедност на ОН кажете 'овие места во Сирија се зони на забрана на летање и ниту една земја на тоа подрачје не може да праќа авиони'. Доколку навистина ги поддржувате преговорите во Швајцарија и Германија и ако се надевате на постигнување на некој посакуван резултат на тие преговори, повелете во ОН погласете зона на забрана на летање и веднаш спречете ги нехуманите напади во сириската војна", рече Куртулмуш.
Заменик премиерот и гласноговорникот на Владата на Турција Нуман Куртулмуш рече дека влијателните земји во ОН подготват терен на кој се врши секој облик на колење а потоа тврдат дека покренуваат преговори.
"Потребно е да се тргне овој парадокс и да се заштити угледот на ОН. Ги потсетуваме дека Соединетите Американски Држави (САД) на оваа историска одговорност. Ако не се реши ова прашање и ако меѓународната заедница остане нема и не помогне во решавањето на сириската криза и не донесе мир во таа земја судирите кои се водат таму неизбежно би могле да водан кон долгорочни судири", рече Куртулмуш.