Ekipa
26 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
AНКАРА (AA) - Башар Џафери, постојаниот претставник на режимот на Башар ал Асад во Обединетите нации (ОН), користи нови лаги за да ги легитимизира масакарите во Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
На видеоснимката што беше подготвена и споделена на социјалните медиуми од страна на активистите во Источна Гута, има нови тврдења од страна на Џафери.
Tој тврди дека опозицијата лансирала ракети во центарот на Црвената полумесечина во Дамаск, на 22 февруари, при што загинал познатиот лекар Хасан Хаџ Хасан.
Но, Црвената полумесечина изјави дека центрите што биле нападнати се наоѓале во Дума и Хареста во Источна Гута, кои се под блокада на режимот. Исто така, Црвената полумесечина која е под контрола на режимот, го негираше тврдењето на Џафери. И сведоците од подрачјето ги потврдија овие информации односно по нападот, во објавените снимки на социјалните медиуми, едно лице што живее во населбата искоментира дека „авионот случајно нападнал“. Оштетените 30 згради во областа докажуваат дека тоа е воздушен напад.
Активистите што го подготвија видеото наведоа дека режимот намерно го извршил овој напад со цел обвинување на опозицијата и легитимирање на масакрите.
- Режимот, „машина за лаги“ -
Џафери ја има улогата на „машина за лаги“ на сирискиот режим од 2011 година, кога започна граѓанската војна во Сирија. Башар Џафери, претставник на режимот на Асад во ОН, се обидува да ги маскира масакрите на режимот со своите тврдења кои не ја одразуваат реалноста и преку неговите студии за манипулација во ОН.
За извршениот масакр со хемиско оружје во Источна Гута од страна на режимот во 2013 година, во кој беа убиени повеќе од 1400 цивили, Џафери тврдеше дека го организирале француски разузнавачки служби.
Џафери во Генералното собрание на ОН покажа слика на убиените цивили во воздушните напади на режимот за време на блокадата на Алепо на крајот од 2016 година, и тврдеше дака фотографијата припаѓа на цивили кои починале при нападот на опозицијата.
Фотографиите од сириското место Мадаја, каде што имаше ситуација на сериозно изгладнување во опколениот град, беа на дневен ред во целиот свет, а Џафери се обиде да го оправда случајот истакнувајќи дека режимот нема да дозволи во регионот да влезе хуманитарна помош бидејќи нема „глад во Мадаја“.