Kasım İleri
12 Април 2018•Ажурирај: 13 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), Џим Матис, истакна дека американскиот претседателот, Доналд Трамп, сè уште не донел одлука за извршување напад врз режимот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Матис, заедно со началникот на Генералштабот на американската Армија, генерал Џозеф Данфорд, имаа обраќање на панел-дискусијата околу одбранбениот буџет за 2019 година во Претставничкиот дом.
Матис овој напад со хемиско оружје, извршен во подрачјето на Дума, во Источна Гута, го опиша како непростлив.
„Сè уште не донесовме никаква одлука за изведување воен напад во Сирија“, рече Матис.
Истакнувајќи дека Русија постојано ги спречува Обединетите нации (ОН) во насока на преземање чекор околу нападите со хемиско оружје, Матис нагласи дека во овие ситуации или ќе останат неми, или пак ќе треба да направат нешто околу ваквите хемиски напади.
„Како што знаете, во Сирија имаме војници. Кога се користи хемиското оружје во Сирија, тоа не треба да се гледа на начинот: 'овој пат не беше ипротив нас, и наредниот пат нема да биде користено против нас'. Било во Салсбери, Британија, било во Сирија, тоа е непростливо и треба да се интервенира во врска со тоа“, додаде Матис.