Admir Fazlagic
06 Септември 2016•Ажурирано: 07 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Денеска во 17:40 минути во близина ка Катланово изгубен е сигнал на авион со германски ознаки кој што обавувал комерцијални активности , а кој полетал од Тревизо, Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација за Anadolu Agency (AA) ја потврдија од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
„Денес околу 17:40 минути изгубен е сигнал на комерцијален авион кој полетал од Тревизо, Италија, со германски ознаки, во близина на Катланово. Во Македонија бил уредно пријавен за дополнување на гориво", известија од МВР.
Се дознава дека авионот исчезнал од радарот на Контрола за летање на скопскиот аеродром Александар Велики на 10 километри од влезно-излезната писта.
Надлежните екипи се на терен, а од МВР најавија повеќе информации откако од надлежните ќе ги добијат официјалните податоци.