Admir Fazlagikj
01 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Првите бебиња во 2016 година се родени во 00.01 минута во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Едното е машко бебе , тешко 3 килограми и 700 грама и долго 52 сантиметри, од мајка Јована Андоновска Буриловска ( родена 1978 год.) од Скопје општина Карпош на која ова и е трето дете .
Другата родилка е Александра Андонова ( родена 1982 год. ) која родила близнаци и тоа женско тешко 2 килограми и 290 грама долго 47 сантиметри а другото машко тешко 2 килограми и 250 грама долго 48 сантиметри на која ова и се први деца.
Како се наведува во соопштението од ЦУК, денес во 11,30 часот мајките и бебињата ќе бидат посетени од Градоначалникот на Град Скопје г-н Коце Трајановски. На првороденчињата, градоначалникот Трајановски ќе им подари штедни книшки со 20.000 денари и други пригодни подароци.