Ayhan Şimşek
27 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка и лидерка на христијанскиот блок ЦДУ/ЦСУ (CDU/CSU), Ангела Меркел, денес ги повика лидерите на Социјалдемократската партија (СДП) да пристапат кон прелиминарните преговори за формирање голема конзервативно-леавичарска коалиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел во Берлин изјави дека на Германија ѝ е потребна стабилна влада за да се соочи со предизвиците.
„Подготвени сме на преговори со СДП и свесни сме дека тоа подразбира постигнување компромис“, порача Меркел откако пропаднаа преговорите со ЦДУ/ЦСУ со либералната Слободна демократска партија (FDP) и движењето Зелени.
Парламентарните избори во Германија беа одржани на 24 септември, а сѐ уште не е постигнат договор за формирање коалициска влада. Ниту една партија нема доволно парламентарци за самостојна влада.
Претседателот на Германија, Френк-Волтер Штајнмаер ги повика лидерите на Демократската христијанска унија (CDU), нејзината баварска сестринска унија ЦСУ (CSU) и СДП со преговори да ја решат политичката криза.
Претседателот на СДП, Мартин Шулц, во петокот порача дека таа политичка опција е свесна за одговорноста што ја има во оваа ситуација и оти ќе се однесува во согласност со тоа. Непосредно по изборите изјави дека нема да влегува во коалиција со досегашните партнери на ЦДУ/ЦСУ.
Двете опциии, и ЦДУ/ЦСУ и СПД на септемвриските избори доживеаја голема загуба на поддршката од гласачите, а од СДП сметаат дека токму коалицирањето со Меркел ги чинело слаб резултат.