Fuat Kabakçı
08 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу со највисоки државни почести во седиштето на Владата во Анкара ја прими германската канцеларка Ангела Меркел, која престојува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на лидерите на владите на двете држави е организирана во палатата Чанкаја во Анкара, а потоа ќе следи и средба на делегациите.
Давутоглу и Меркел ќе одржат заедничка конференција за новинарите а потоа канцеларката Меркел ќе ја прими претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Меркел утринава го посети и Антикабир, мавзолејот на основачот на Република Турција, Кемал Ататурк.