Alma Çekovic
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
БЕРЛИН (AA) - Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и порача на германската канцеларка Ангела Меркел, и покрај критиките, да се држи до својата политика кон бегалците истакнувајќи дека историјата ќе покаже дека била во право, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јунекер го зборуваше ова воочи дводневниот самит на ЕУ во Брисел, на кој германската канцеларка ќе се "соочи" со Вишеградската четворка, Полска, Чешка Република, Словачка и Унгарија, кои отворено ги отфрлаат идеите за нејзината либерална бегалска политика.
Тој во разговор за германскиот "Билд" порача дека историјата ќе ја потврди исправноста на политиката која германската канцеларка ја води кога е во прашање оваа криза. Јункер ја спореди решителноста на Меркел да истрае во своите идеи со поранешниот германски канцелар Хелмут Кохл кој инсистираше на обединување на Германија 1989 година.
"На канцеларите секогаш им е призната заслугата кога истраеле во своите текови во бурни времниња. Пред се мислам на визионерската политика на обединување на Хелмут Кохл. Историјата покажа дека беше во право а исто така ќе покаже дека и Меркел беше во право", рече Јункер.
Првиот човек на Европската комисија додаде дека би сакал и европските лидери да се како Меркел и да разберат дека единствено "заедничките решенија можат да пружат одговор на бегалската криза, како што пружиле во време на должничката криза" .
Јункер изрази уверување дека Меркел е посилна од своите критичари. "Ангела Меркел ќе остане во канцеларијата подолго од своите криричари. Нејзината бегалска политика, и мојата, еден ден ќе добијат на значење. Се останато би било капитулација пред популистите", истакна Јункер.