Kayhan Gül
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
ЗАГРЕБ (AA) - КАЈХАН ЃУЛ – Претседателот на управата за верски работи на Република Турција Мехмет Гормез предупреди на неопходноста од одалечување од исламофобичната омраза и додаде дека е загрижувачки исламофобијата да стане алат за добивање на избори во многу земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Гормез вчера допатува во службена посета во Хрватска и денес во Загреб присуствува на Академијата по повод одбележување на 100. годишнина од правниот и институционализиран ислам во Хрватска.
Истакнувајќи дека Хрватска може да биде пример за целата Европа и по тоа што во неа во мир и без проблеми живеат различни верски заедници, Гормез во разговор за Anadolu Agency (AA) потсети дека луѓето на тие простори заедно живееле и во текот на петвековното владеење на Османлиското царство.
„Османлиите на овие простори не посеале семе на непријателство, туку семе на љубов и соживот на различните верски и други заедници“, рече Гормез и додаде дека нема причина припадниците на различни верски, етнички и културни заедници денес да не живрат во мир и слога ако тоа го можеле пред 400 години.
Гормез предупреди на растечкиот проблем со исламофобијата во Европа и нагласи дека разочаран мора да констатира дека фобиите, омразата и непријателствата од политичкиот полигон се пресликуваат во општеството и дека имаме загрижувачка ситуација дека исламофобијата стана алат за добивање на власт во се повеќе земји.
„Муслиманите во Европа имаат голема одговорност. Тие мораат први да направат се за да со своите добри дела од срцата на нивните соседи ги избришат омразата и непријателства кои другите на различни начини им ги всадиле. Истовремено, државниците и политичарите мораат значително да бидат повнимателни во своите настапи", порача Гормез.
Шефот на турската Управа за верски работи Гормез понатаму предупредува дека муслиманите во Европа повеќе не можат да зборуваат само за исламофобијата бидејќи таа веќе прерасна во непријателство кон исламот, а тоа непријателство раѓа дискриминација.
„Додека се очекуваше тие дискриминации да се забранат, тие се претворени во политички идеологии кои победуваат на изборите. Тоа е неприфатливо. Политичарите кои на исламофобијата сакаат да добијат гласови ги кршат и основните постулати и вредности на Европа. Хуманоста и почитувањето на другиот и другото се универзалните вредности и од нив не треба да се одалечува", заклучи Гормез.