Michael Sercan Daventry
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Премиерот Дејвид Камерон му се извини на муслиманскиот свештеник од Лондон поради тврдењето дека ја подржува терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Камерон во текот на парламентарна дебата тврдеше дека Сулиман Гани, имамот од преградието Тутинг во источен Лондон, е поддржувач на екстремистичката група во Сирија и Ирак.
Тој даде свој коментар, како дел од кампањата на Конзервативната партија, дека и успешниот кандидат за градоначалник од Лабористите е поврзан со радикалните и екстремистички Муслимани.
Гани остро негираше било какви симпатии во врска со ДАЕШ, а Канцеларијата на Камерон синоќа издаде објаснување во кое се вели дека премиерот сакал да каже дека Гани поддржувал „една” исламска држава.
Според 'Sky News', во соопштението се вели: „Во однос на коментарите на премиерот насочени кон Сулиман Гани, премиерот мислеше на излагањето дека тој поддржува ,една' исламска држава”.
„Премиерот е јасен во ставот дека тоа не значи дека Гани ја поддржува терористичката организација ДАЕШ, со тоа што се извинува за недоразбирањето.”
Гани побара формално извинување од страна на британскиот премиер поради неговото изложено етикетирање на Гани како поддржувач на ДАЕШ.
Минатиот месец тој за АА изјави дека е шокиран од тврдењата на Камерон, кои ги опиша како расистички и исламофобични.