Admir Fazlagic
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Макеоднија соопшти дека ќе протера еден руски дипломат од Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година", се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Р. Македонија.
Се додава дека користењето на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји.
- ЕУ, САД и други земји со одлуки за протерување на руските дипломати -
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денес соопшти дека одредени земји-членки на Европската Унија (ЕУ) донеле одлука за протерување на руските дипломати.