Tayfun Salcı
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Бегалците сместени во англискиот регион Мидлсборо станаа мета на вандалски напади, откако влезните врати на куќите во кои се сместени се обоени со црвена боја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британскиот весник "The Times" јавува дека британската компанија "G4S" преку тендер ги преземала работите за одржување на објектите во кои се сместени мигрантите, а со цел полесно препознавање на тие објекти ги бојосале влезните врати со црвена боја.
Локалните медиуми јавуваат дека во изминатите неколку дена забележан е значително поголем број вандалски напади и расистичи навреди кон бегалците.
Критиките на сметка на споменатиот потег на компанијата "G4S", куќите на мигрантите да бидат полесно препознатливи, дури одат дотаму што се споредува со нацистичките методи на дискриминација и одбелжување на евреите во текот на Втората светска војна.
Од вкупно 168 куќи во кои се згрижени бегалците во Мидлсборо, влезните врати на 155 од нив се обоени во црвено. Станува збор за објекти на фирмата "Jomast" која со договор е врзана со компанијата "G4S", која пак е овластена за згрижување на бегалците во североисточниот дел на Англија.
Компаниите тврдат дека вратите ги бојосале во црвена боја за редарите на терен полесно да ги распознаваат тие објекти и дека наредиле тие влезови повторно да се бојосаат во различни бои, за истите да не бидат со доминантна боја.
Исто така, тврдат дека не добиле никакви упатства, ниту поплаки во врска со овој случај.
Британскиот министер задолжен за прашањата на миграциите Џејмс Брокеншир, соопшти дека е започната истрага за овој случај.
Компанијата "G4S" работи во скоро сите делови на светот и има околу 600.000 вработени.
Околу 8.000 нејзини работници се во Израел, каде што работат на одржување на затворите и контролните пунктови на таа земја. Работат и на бројни проекти со Обединетите нации и други меѓународни субјекти, а поради начинот на работење често се предмет на бројни критики на јавноста и организациите за заштита на човековите права.