Enes Kaplan,Aliia Raimbekova
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
АСТАНА (АА) - Конечниот извештај во врска со араканските муслимани е прифатен на Самитот за наука и технологија на Организацијата за исламска соработка (ОИК) кој се одржува во главниот град на Казахстан, Астана, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, соопшти дека под иницијатива на турската делегација, и како резултат на интензивните активности, подготвен и прифатен е конечниот извештај во врска со араканските муслимани.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својот говор по прифаќањето на извештајот упати благодарност до претседателот Назарбајев, кој успешно беше домаќин на самитот, и до претседателот на постојаниот Комитет за научна и технолошка соработка, и претседател на Пакистан, Мемнун Хусеин, поради неговиот придонес на Самитот.
Ердоган пренесе дека самитот бил значајен за меѓусебната размена на идеи и дискутирање на идните цели.
„За донесените одлуки да бидат трајни, како и за оставање на важни траги за идните генерации зависи од нашите напори. Верувам дека сите мои браќа на оваа маса ќе го следат спроведувањето на одлуките донесени на овој самит“, додаде Ердоган.
Турскиот претседател посака овој самит да биде во корист на исламскиот свет.