Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се ранети во напад на барел бомби во местото Баб Неџраб во сириски Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот на шаторот во кој се посочуваа зборови на сочуство го извршија хеликоптерите на сириската војска. Според прелиминарните податоци, загинаа 20 лица. Официјално лице на цивилната заштита во Алепо,Ибрахим Ебу Лејс, за АА изјави дека хеликоптерот на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад изврши два напади со барел бомби.
На шатор за сочуство во местото Баб Нејраб во Алепо.
Тој потврди, дека загинале 20 лица, меѓу кои се наоѓале жени и деца, а дека ранети се најмалку 30. Ебу Лејс изрази загриженост дека бројот на мртвите би можел да биде зголемен.
Повредените лица се сместени во импровизирани болници, а срушени се и голем број на објекти во ова место. Екипите на теренот работат на извлекување на лицата заробени под урнатините.