Hasan Esen
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
БРИСЕЛ (АА) – Знамињата пред седиштето на НАТО во Брисел се спуштени на половина копје, поради терористичкиот напад што се случи во ноќниот клуб во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
НАТО покажа солидарност со Турција спуштајќи ги знамињата на половина копје. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, веднаш по нападот истакна дека НАТО се солидаризира со Турција, го осуди случајот на социјалните мрежи и предложи да се спуштат знамињата на половина копје. По ова, знамињата на државите сојузнички пред седиштето на НАТО беа спуштени на половина копје. Знамињата ќе стојат спуштени 2 дена.
НАТО претходно ги спушти знамињата по нападот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Организацијата ваква одлука донесе и по нападите во Франција, Белгија и Германија.