Muhammed Bilal Kenasari
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - НАТО ги повика високите функционери од Украина, Македонија, Црна Гора и Грузија да го зајакнат НАТО наспроти заканата која доаѓа од Русија на Балканот и во Источна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Република Македонија, Јолевски, во својот говор истакна дека е потребно НАТО да биде силен и на Балканот.
Министерот Јолевски изјави дека е потребно земјите-членки на НАТО да бидат отворени за новите кандидати и да ги поддржат нивните кандидатури.
„Балканските земји потврдија дека можат да бидат вистински сојузници. НАТО би можел да биде модификатор во регионот“, зборуваше Јолевски.
Министерот за надворешни работи на Грузија, Микаил Џанелидзе, министерот за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски, претседателката на комитетот за надворешни работи на Украина, Хана Хопко и министерката за одбрана на Црна Гора, Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, зборуваа на Конференцијата на Атлантскиот Совет, чие седиште е во Вашингтон, на тема „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“.
Џанелидзе истакна дека очекува да добијат одредени сигнали на Самитот на НАТО, кој треба да се одржи идниот месец во Варшава.
„Очекуваме да добиеме одредени сигнали за членството во НАТО и начинот на кој би можеле да ја зајакнеме нашата соработка“
Тој истакна дека од големо значење е Самитот на НАТО кој ќе се одржи во Варшава, поради политиката на отворени врати која ја води НАТО.
„Доколку Грузија не биде примена во НАТО на овој Самит, тоа нема да биде крај на светот, но во голема мерка ќе влијае на размислувањата на нашиот народ“, изјави Џанелидзе.
- „Не може да ја менуваме политиката според заканата од Русија“ -
Министерката за одбрана на Црна Гора, Пејановиќ-Ѓуришиќ, истакна дека поголемата застапеност на НАТО војниците на Балканот ќе ја зголеми стабиноста во регионот.
Пејановиќ-Ѓуришиќ смета дека Црна Гора како членка на НАТО може да ги охрабри и останатите земји.
„Во регионот има сериозен страв. Како членка на НАТО, ќе бидеме силен поддржувач на Македонија“, рече Пејановиќ-Ѓуришиќ.
Пејановиќ-Ѓуришиќ рече: „Не може политиката да ја менуваме според стравот. Не може да ја менуваме политиката според заканата од Русија.“
Претседателката на комитетот за надворешни односи, Хопко смета дека кон Русија не е заземен доволно цврст став.
Таа потсети дека претседателот на САД, Барак Обама, во периодот од своето осумгодишно претседателствување сè уште не ја посетил Украина, додавајќи дека посетата на Украина од страна на Обама би била симболична.
„Посетата на Обама би требало да се претстави како посета во знак на солидарност“.
За постигнатиот договор за прекин на огнот со Русија, Хопко рече дека е „приказна“ и додаде дека „прекинот на огнот не е проблемот“.
„Санкциите кон Западна Русија се еден вид алатки, а не стратегија. Мора да се има вистинска стратегија против Западна Русија“, истакна Хопко.