Sarp Özer
09 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Артилериските сили на турската војска и коалициските воздушни сили извршија жестоки напади на позициите на терористичката организација ДАЕШ во северна Сирија од каде се подготвувани ракетни напади на Турција, притоа убиени се најмалку 18 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен извор за АА изјави дека надзорните извидници поставени на турската граница вчера во северниот појас на Сирија откриле позиции на ДАЕШ на кои се регистрирани терористички активности за подготовка на ракетни напади на територијата на Турција.
Турската артилерија притоа гаѓаше 14 терористички позиции на кои е испален 61 проектил.
Истите терористички позиции беа мета и на авионите на коалицијата, која во борбата против ДАЕШ е предводена од САД.
Според првите информации од теренот, во нападите се убиени најмалку 18 терористи, уништени се две воени возила, едно артирелиско гнездо и еден објект.
Артилериските удари на турската војска и коалициските воздушни напади ги искористија и силите на сириската опозиција, кои потоа ја повратија контролата во осум села чие подрачје беше под контрола на терористите на ДАЕШ.
Опозициските сили, на тој начин, повторно го отворија стратешки важниот коридор кој ги спојува местата Азаз и Маре, во северниот дел на Алепо.