Hakan Ceyhan Aydoğan
15 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов денеска ќе ја посети Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, за руските медиуми изјави дека генерал Герасимов, началник на Генералштабот на руската армија денеска ќе се сретне со началникот на Генералштабот на турска армија, генерал Хулуси Акар.
Конашенков истакна дека се очекува на средбата да стане збор за последната состојба во Сирија и за меѓусебната соработка на воено поле.