ИСТАНБУЛ (АА) - ГОКХАН ЕРГОЧУН -
Турскиот производител на мотори „Ерин мотор“ ги претстави своите новоразвиени мотори за беспилотни летала на најголемиот турски технолошки и авијациски настан ТЕХНОФЕСТ.
Компанијата ги изложи своите два вида мотори за беспилотни летала, 6 КС и 11 КС, кои можат да се користат кај набљудувачките беспилотни летала, особено кај беспилотни летала со вертикално полетување и слетување (VTOL), изјави за Агенција Анадолија (АА), Ерсин Шахин, генерален директор на компанијата.
„На овогодишниот ТЕХНОФЕСТ, компаниите од областа на авијацијата, вклучувајќи ја и водечката турска одбранбена компанија „Бајкар“, ги претставија дроновите ВТОЛ (vertical-takeoff-and-landing)“, рече тој.
„Претходно, ТУСАШ Мотор индустрии (ТЕИ) беше единствената турска компанија што можеше да произведе мотори за беспилотни летала“, нагласи Шахин.
Истакнувајќи дека двата мотори можат да се користат за беспилотни летала со распон на крила до пет метри, тој рече дека со зголемување на товарот, потребен е мотор од 11 КС, додека оној од 6-КС може да се користи за полесни беспилотни летала.
Шахин рече дека едниот мотор е мотор со карбуратор, додека другиот е електронски контролиран мотор, додавајќи дека
електронски контролираните мотори нудат попрецизна контрола.
- Потенцијални купувачи -
Генералниот директор на „Ерин мотор“ истакна дека компанијата е фокусирана и на домашниот и на странскиот пазар и дека е добиена дозвола за извоз на моторите.
Бидејќи „Бајкар“ го тестира моторот за беспилотни летала на „Ерин мотор“, Шахин посочи дека неговата компанија се надева дека тие ќе го изберат моторот за своите нови дронови ВТОЛ.
„[Директорот за технологија на „Бајкар“], Селчук Бајрактар и [извршниот директор] Халук Бајрактар нѐ охрабрија и нѐ насочија кон оваа работа“, истакна тој.
- Предност во однос на трошоците -
„Ако домашните компании ги изберат моторите на „Ерин мотор“, тие ќе го поддржат домашното инженерство и ќе придонесат за намалување на дефицитот на тековната сметка на земјата“, рече Шахин.
Тој, исто така, нагласи дека моторот нуди предност во однос на трошоците, за разлика од неговите странски еквиваленти до 35 отсто.
„Во одбранбената индустрија, поважно е да не бидете зависни од странство отколку предноста во однос на цената“, рече тој, истакнувајќи дека до 90 отсто од компонентите на моторот на компанијата се од локално производство, но компанијата има за цел 100-отстотна независност.
„Ние ги произведуваме најклучните делови на моторот во Турција. Можеме да започнеме со сериско производство веднаш“, рече тој.
- Мотор со погон на природен гас -
Компанијата претстави и уште еден производ, едноцилиндричен мотор со погон на природен гас, за кој Шахин рече дека е дизајниран специјално за генератори на енергија.
Нагласи дека моторот е и дизајниран и произведен од тимот за истражување и развој на компанијата.
Тој истакна дека нема на домашниот пазар нема исти производи, и дека нема слични мотори ни во светот.
news_share_descriptionsubscription_contact
