Mohamad Misto
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во новите воздушни напади на силите на Асад и нивните сојузници во Источна Гута загинаа 19 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локалната Цивилна заштита (Бели беретки) за АА е соопштено дека и покрај примирјето, силите на Асад продолжиле со нападите на енклавата на Источна Гута.
Силите на Асад и нивните сојузници од раните утрински часови извршуваат воздушни напади на населените подрачја во местата Дума, Хареста, Шакба, Арбин, Хамурије, Беит Сава, Замелке и Џисрин.
Од Цивилната заштита наведоа дека вонападите во Замелке загинале 10, во Џисрин осум и во Шакба еден цивил.
Ранетите лица, со помош на припадниците на Цивилната заштита се префрлени во болниците.
Се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми бидејќи нападите во регионот и понатаму траат.
Во нападите на подрачјето на Источна Гута во текот на претходните 18 дена загинал 881 цивил.
Потсетуваме, Источна Гута е под контрола на сириската опозиција, а подрачјето е под целосна опсада од режимските сили, речиси шест години.
Во последниве месеци, силите лојални на режимот ги интензивираа нападите врз населените места.
Речиси 400.000 цивили во Источна Гута се постојана цел на напади од силите лојални на режимот на Асад, кој не дозволува доставување на хуманитарна помош во подрачјето.