АФРИН/АНКАРА (АА) – Терористичката организација ПЈД/ПКК постави стапица со бомби на патишта за да ги спречат цивилите да излезат од село Курајријах во Африн. Животот го загубија едно три месечно бебе и две деца кои се наоѓале во еден камионет кој ги транспортирал цивилите кои се обиделе да бегаат од селото, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој случај беше снимен од страна на беспилотното летало на Турските вооружени сили (ТСК) кое вршел набљудување во регионот.
На видео-снимките изработени минатиот понеделник од страна на беспилотното летало на ТСК се забележува како двајца припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК поставуваат рачно изработен експлозив на патот од излезот на село Курајријах во Африн кон селото Рамадије.
Двајцата терористи кои на грб носат пушки од типот Калашников, поставуваат голем број рачно изработен експлозив на повеќе локации долж патот.
На снимките од беспилотното летало кое полета по направената разузнавачка проценка во базата на ТСК, забележан е моментот кога се неутрализираат двајцата терористи.
Исто така, на снимките се забележуваат цивили кои се качуваат на камионетот и сакаат да излезат од нивните села.
Возилото кој се движи по патот на кој се поставени стапици, наидува на експлозивот поставен од страна на терористите.
Оштетеното возило застанува малку понапред. Цивилите кои се наоѓаат во камионетот, слегуваат во паника од експлозијата и почнуваат да бегаат кон околината.
На снимките од беспилотното летало се забележува како некои од цивилите бегаат кон нивите, и доаѓа до експлозија поради што некои од нив нагазиле на рачно изработените експлозиви.
Селото Курајријах кое во понеделникот, ден кога се случи овој случај, беше под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, утре дента беше ослободено од ТСК и Слободната војска на Сирија.
- Ги загуби своите три деца
60-годишниот Мухамед Нур Ало кој беше повреден во тој настан, за АА изјава дека дента кога се случила несреќата, имале за цел со камионетот да преминат во село Рамадије за кое сметале дека е побезбедно.
„Возилото стапна на првата мина 100 метри од мојата куќа, но не застана. После 15 метри поминавме над втората мина и настана експлозија. Тоа беше моментот на несреќата“, додаде Ало, истакнувајќи дека во возилото се наоѓале 36 лица.
„Ќафирите поставиле бомба 150 метри понапред. Повеќето од лицата во возилото беа жени и деца. Не ли е за жалење? Моите двајца синови и една ќерка загинаа. Имаше и едно момче. Моментално е во болница, не знаеме во каква состојба е. Мините ги поставиле на асфалтниот пат по кој минуваат цивили. Местото каде ја сокриле бомбата е асфалт. Нели знаат дека од тука поминуваат семејства? Види, тука ми загинаа децата. Не ли е за жалење? Мојата ќерка беше 3 месечно бебе. Каква вина имаше таа?“, рече тој, зборувајќи против терористичката организација ЈПД/ПКК.
„Не ли е за жалење? Мојата ќерка ја најдовме распарчена на два дела. Бог да не им прости. Ниту во овој свет, ниту во другиот“, додаде Ало.
Ало, кој со тага во душата зборуваше покрај гробот на неговите деца, го рече следното: „Не се секавам како ги извлекоа моите синови Хусеин и Махмут, и мојата ќерка, и ги донеле тука. Бев ранет во главата и рака. Не бев со нив за време на погребот“.
Турција која ја спроведува операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, го обезбедува потребното олеснување за хуманитарниот пристап до цивилите. Црвениот крст, благодарение на дадената гаранција од страна на Турција, доставува хуманитарна помош во Африн. Се нагласува дека терористичката организација ЈПД/ПКК продолжува да не го дозволува излегувањето од градот.
- Селаните ги користеа како живи штитови
„Ние нема никогаш да им простиме за тоа што ни направија. Тоа што го спроведуваше ПКК беше многу лошо. Кон Арапите се однесуваа многу поинаку. Ние сме Арапи. Се соединувавме. Затоа кон се однесуваа уште полошо. Врз нас спроведуваа секаков вид притисоци“, рече еден од жителите на Курајриах, Хусеин Менсур.
„Поставија мина за да не излеземе од селото. Младите умреа. Завршете го овој терор. Доста ни е“ рече Менсур и додаде „Дојдоа и се инфилтрираа меѓу цивилите. Ги минираа патиштатаи куќите. Имаме загинати“.
Мансур истакна дека терористичката организација барала 5 милиони сириски лири (околу 10.000 долари) од семејствата со деца, во спротивно, ги земала и вооружувала под присила.
„Ако немаш син, ти ја земаат ќерката. Упаѓаа во куќи. Особено ако нешто речеш за нив, упаѓаа во куќите. Постојано нѐ држеа под притисок. Секогаш земаа момче или девојка за да ги вооружат“ рече Менсур.
„Немам плантажа со маслинки. Сѐ стекнав со сопствен труд, но од мене бараа рекет. Имам една продавница. Кога одам на работа секојдневно ме идентификуваа, ја бараа мојата лична карта, ме прашуваа за мојот престој. Тука секој ме познава. Но тие потенцираа дека тука сум бегалец“ наведе Мансур нагласувајќи дека терористичката организација изнудувале пари од нив.
- Турција обезбеди хуманитарен пристап, а терористите цивилите ги користеа како жив штит
Турција, која ја спроведува операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, обезбеди хуманитарен пристап до цивилите во регионот. Благодарение на гаранциите што ги даде Турција, Црвениот крст може да внесува хуманитарна помош во Сирија. Од друга страна, терористичката организација ПЈД / ПКК продолжува да ги спречува цивилите кои сакаат да го напуштат градот.
Во соопштенијата за операцијата, Генералштабот на Турција истакнува дека цел на операцијата се само терористите и нивните засолништа, позиции, оружје, возила и опрема, додека е прикажано особено внимание за да не им се наштети на цивили и недолжните луѓе.
Еден пример за ова е забележан во операцијата на 23-ти февруари. ТСК следеше два конвои кои се движеа во различни насоки во Африн. ТСК, пукаше само конвојот кој беше натоварен со муниција, додека конвојот на цивилите не беше земен како цел.
Опструкцијата од страна на ЈПГ / ПКК кои не им дозволуваат на цивилите да го напуштат градот, се најде и во извештаите на ОН. Фархан Хак, портпарол на генералниот секретар на ОН, на 6-ти февруари изјави дека ЈПГ / ПКК го држи Африн под блокада и не дозволија цивилите да заминат во безбедни области. И Лоукук, помошник генералниот секретар на ОН, во својата изјава на 28 февруари наведе дека терористичката организација ги спречувала цивилите да заминат на побезбедни места.
Врз основа на изворите од Африн, АА претходно објави дека во рамките на стратегијата на користењето на цивилите како жив штит, ЈПГ / ПКК ги принудува цивилите да мигрираат во центарот на градот и ископале дупки и изграделе одбранбени ѕидови околу центарот на градот во кој живее поголемиот дел од цивилното население.
Терористичката организација се подготвува да ги користи цивилите како жив штит при можен судир во центарот на градот, и затоа не им дозволува на цивилите да ја напуштат областа. Покрај ова, претставници на терористичката организација кои се инфилтрирала меѓу народот, спроведува пропаганда против операцијата врз основа на наводни смртни случаи на цивилни.
Во веста објава на 6-ти февруари, АА информираше дека ЈПГ / ПКК под изговор на солидарност преку цивилите кои ги донела од различни региони, во Африн вметнала околу 500 терористи.
Од друга страна, на 24 февруари, ТСК за време на операцијата, во селото Маска, во Африн, спаси четворица цивили на возраст од 80 до 90 години, на кои ЈПГ / ПКК им ги поврзале рацете и околу нив поставиле експлозиви.
news_share_descriptionsubscription_contact
