Serdar Açıl
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Обвинителството во Анкара со истрага утврди дека на 21 март 2016 година, кога е објавено видеото во кое лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, облечен во зелена наметка испрати порака да се спроведе обидот за воен удар во Турција, во посета на лидерот на ФЕТО во САД престојуваа „цивилните имами на ФЕТО“: Адил Окуз, Кемал Батмаз, Нуретин Оруч и Хакан Чичек, јавува Anadolu Agency (AA).
Со истрагата е утврдено дека Окуз, Батмаз, Оруч и Чичек во јануари, март и во јуни 2016 година, истовремено престојуваа во САД. Спомнатите лица се пронајдени во близина на воздухопловната база „Акинџи“, од каде што полетаа авионите под команда на офицерот на членовите на терористичката организација ФЕТО.
Во текот на ноќта на 15 јули, авионите бомбардираа цели во Анкара и во Истанбул, притоа убивајќи стотици цивили и полицајци. Обвинителството соопшти дека со истрагата е утврдено дека Окуз, Батмаз, Оруч и Чичек во САД престојувале заради подготовка на пучот.
Тие се пронајдени во кругот на воздухопловната база, ноќта на 15 јули, иако не биле воени лица ниту службеници на вооружените сили.